За нас

Фирмата РУД-КОП ДООЕЛ Битола е градежна фирма основана 2002 година  со околу 10 вработени , за денес  истата да брои повеќе од 90 вработени лица и  поседува голем број  различни видови на градежна и рударска механизација , како и голем број на товарни моторни возила и транспортни средства .

Низ годините опсегот на  дејноста е во постојан раст и во овој момент истиот опфаќа  рударски активности и услуги за ископ, градежни активности од нискоградба, високоградба и завршни работи во градежништвото, транспортни ускуги и сервисирање на градежна механизација, транспортни и теретни возила.

години на пазарот
+
Вработени лица
+
задоволни клиенти

Нашата приказна

Нашата работа се одликува со висок професионализам, ефикасност, навременост и квалитет. Повеќегодишното искуство во областа на ископите, услугите со градежната механизација и транспортните услуги , како и искусните и добро обучени вработени се уште еден адут за успешна и плодна работа веќе 22 години.

Нашата визија

Наша визија е да изградиме претпознатлив бренд во градежништвото со високи стандарди во високоградбата.

Уште еден доказ за нашата долгогодишна и успешна работа е тоа што сме избрани за една од 200 најголеми и најуспешни фирми во Република Северна Македонија, врз основа на финансиските податоци од Централен Регистар на Македонија од 2018 година до 2023 година

Стабилност

Стабилноста на нашата компанија е потврдена со постојаното зголемување на нашиот капацитет и проширување на нашите услуги. Ние внимателно следиме и се прилагодуваме на најновите трендови и технологии во градежништвото, со што обезбедуваме врвен квалитет и задоволство на нашите клиенти.

Покрај тоа, посветеноста на нашите вработени и нивната постојана едукација и усовршување се клучни фактори за нашиот успех. РУД-КОП ДООЕЛ Битола останува верна на својата мисија да обезбеди сигурни и ефикасни решенија во градежништвото, со што продолжува да биде лидер во индустријата и пример за стабилност и доверба.

Сето тоа не прави стабилна и конкурентна градежна компанија која секојдневно ја зајакнува својата позиција на пазарот и ја оправдува довербата на клиентите.

лиценци и сертификати

Нашата компанија поседува бројни лиценци и сертификати кои потврдуваат нашата посветеност на високите стандарди во градежништвото. Овие признанија се доказ за нашата професионалност, квалитет и усогласеност со најдобрите практики во индустријата.

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТЕ?

РАЗГЛЕДАЈТЕ ГО НАШИОТ ПРОЕКТ

И ОТКРИЈТЕ ГО ВАШИОТ НОВ ДОМ

Локација

Мотивацијата може да ве донесе далеку, но ќе ве однесе уште подалеку ако прво го најдете вашиот идеален дом. Вашиот нов дом ќе ве мотивира и води понатаму.

АДРЕСА:

Комплекс АРМ Битола

ТЕЛЕФОН:

+389 47 242 540

E-ПОШТА:

info@rudkop.com.mk

КОНТАКТ АГЕНТ

АНА КОЛИЧОСКИ

АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА

Контакт

    © 2024 – Сите права се задржани!